Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ПОРИБУВАЊЕ НА АКУМУЛАЦИЈАТА СТРЕЖЕВО СО КРАП

На 18.10.2017 година, се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево во согласност со Годишниот План за заштита и сто­па­ни­су­ва­­ње со рибите во рекреативната зонаАку­му­­лација Стрежево за 2017 година и риболовната основа за оваа риболовна вода со рибен подмладок набавен од регистираниот репроцентар Акватика-Неготино.

 

Порибувањето се реализираше со крап (Cyprinus carpio - кој природно и примарно живее во риболовните води во нашата земја), во количина од околу 170 килограми, со единечна маса на порибителниот материјал во границите од 100 g ÷ 500 g и просечна маса од 150 g, односно околу 1200-1500 парчиња рибен подмладок.

На порибувањето присуствуваа релевантни субјекти кои со­­гласно Законот за рибарство и аквакултура треба да присуствуваат на самиот чин на по­ри­бувањето.

Според динамиката и предвидените активности, Јавното претпријатие „Стрежево - Битола, планира до крајот на годината да изврши најмалку уште едно порибување на риболовната вода „Акумулација Стрежево, на задоволство на сите искрени љубители на риболовот.