Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите

На ден 14-15.02.2015 година ЈП “Стрежево” организираше хуманитарна акција – хуманитарен викенд на ски центарот “Нижеполе” за помош на настраданите во поплавите што го зафатија Пелагонискиот регион при што беа собрани 151.000 денари. Половина од собраните средства веќе се донирани за лекување на битолчанецот Давид Домазетовски а втората половина од средствата на предлог на градоначалниците на општините Новаци и Могила донирани се на најзагрозените семејства и тоа: Костовски Драги - Ношпал; Благоја Цветаноски - Вашарејца; Секирски Васко - Могила; Станко Мицевски - Новаци; Пецо Шурбевски - Новаци и Илија Николовски - Оптичари.