Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Успешна сезона и рационално трошење на водата

Врз основа на сите параметри, ЈП “Стрежево” успешно ја заврши сезоната за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија во 2014 година.

Вообичаено во месец октомври се сумираат резултатите во однос на водостопанската дејност. Во однос на билансот за 2014 година, склучени се договори со земјоделците за наводнување на 5.520 хектари површина, што е за 15 % повеќе во споредба со 2013 година, кога беа склучени договори со корисниците за површина од 4.700 хектари. Во однос на потрошувачката на вода, на почетокот на сезоната се стартуваше со 67,2 милиони метри кубни вода, а на крајот на сезоната имаше 40,1 милиони метри кубни вода, што значи дека во сезоната 2014 потрошени се 27,1 милиони метри кубни вода, во кое количество влегува и водата дистрибуирана до     ЈП “ Водовод” Битола и индустријата.

ЈП “Стрежево” во текот на 2014 година го намали бројот на дефекти што вообичаено се случуваат додека се одвива процесот на наводнување на земјоделските површини и водоснабдување. Бројот на дефекти во мрежата изнесуваше 139, додека во 2013 година бројот на дефекти  изнесуваше 218. Од страна на земјоделците добиени се 68 пријави за предизвикани штети, додека претходната година добиени се 110 пријави.

Во хидросистемот “Стрежево” годинава, за првпат по неколку децении, со поддршка на Владата на Р.М., ќе се инвестира во реконструкција на деталната цевководна мрежа, при што ќе бидат вложени повеќе од 2 милиони евра.

dcm Strezevo 05