Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Изработка на нов Правилник за систематизација

                    Согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници  во тек е изработка на Правилник за организација на работењето  и Правилник за систематизација на работните места во ЈП "Стрежево" – Битола.

            Целта на изработката на правилниците е подобрување на работењето во претпријатието и постигнување подобри професионални резултати, што пак понатаму ќе доведе до редовна, како и досега, исплата на личниот доход.

            Примената на овие правилници се очекува во текот на 2015 година. Исто така треба да се напомене дека после повеќе од 13 години ЈП"Стрежево" – Битола го зголеми личниот доход за 4%. 

Во однос на платите треба да се напомене дека после повеќе од 15 години, со октомвриската плата во 2014 година беше исплатено покачување од 4% согласно Одлуката на Владата на Р.М.