Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ЈП "Стрежево" - општествено одговорна компанија

Како општествено одговорна компанија, ЈП "Стрежево" секогаш се труди, во рамките на своите можности и ингеренции, да помогне онаму каде што помошта е најпотребна.

Во периодот кога поради обилните врнежи од дожд, Пелагонија и повеќе населени места беа поплавени, активно учествувавме и со механизација и со луѓе во превенција и санирање. Исто така, како помош за семејствата кои најмногу настрадаа од поплавите, организиравме хуманитарен викенд на ски патеките во Ниже Поле, а дел од средствата беа наменети и за помош за лечење на малолетно дете, наш сограѓанин. Повеќе години наназад во период кога сопствената механизација не е потребна на терен, се вклучуваме во акции за расчистување на пристапни земјени патишта до црковни и други локации на барање од месното население.

Ги помагаме спортските настани, рибарските натпревари на државно ниво, спортските риболовни друштва, културни манифестации, даваме финансиска помош на талентирани деца за учество на државни и меѓународни натпревари, им помагаме на оние кои поради недостиг на финансиски средства не се во можност сами да ги сносат трошоците за лечење, терапија и сл.

Во склад со  општата тенденција на нашата државада им се помогне на социјално ранливите групи, како и да се даде поддршка на едукативниот, културниот и социјалниот развој во државата, се надеваме и во иднина ќе имаме можност да ја покажеме нашата хуманост.