Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Координативен состанок со Претседатели на Месните Заедници

Земајќи во предвид  дека ЈП "Стрежево"- Битола е една од најтранспарентните јавни институции, во тој контекст денес, 05.06.2015 година се одржа состанок со Претседателите на Месните заедници  кои користат вода за наводнување од ХС Стрежево.

На состанокот имаше конструктивна дискусија за поефикасно справување со предизвиците за периодот кој следува, односно сезоната за наводнување.

Од страна на Директорот на ЈП "Стрежево"-Битола, беа презентирани информации во врска со:

- подготовките и активностите кои се преземаат од страна на ЈП "Стрежево", за успешно отпочнување на сезоната за наводнување и

- тековните и идните планови кои се однесуваат на зголемување на ефикасноста во работењето, квалитативно и квантитативно.

На состанокот Претседателите на Месните заедници ги претставија потребите и барањата на земјоделците - корисници на ХС, како и благодарноста од ваквите средби кои докажано носат позитивни резултати.   

IMG 0879 IMG 0881
 IMAG0007  IMAG0010