Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Започнува летната сезона на базенот Довлеџик

     Отворениот базен на ЈП „Стрежево“ Битола, кој се наоѓа во месноста  „Довлеџик“, со површина од 7.756 м 2 претставува дел од хидросистемот Стрежево кој е во улога на помошен резервоар за вода, односно компезационен базен каде се задржува вишокот на технолошката вода и по потреба се користи за нормална работа на системот за наводнување. 

Но,  со оглед на содржините и карактеристиките кои ги поседува, како и добрата  местоположба, во летниот период  може да се користи и како рекреативна зона  која  во  летните  жештини  на  граѓаните  им  овозможува  пријатно  место  за рекреација, дружење, капење... 

     До  пред  десетина  години,  овој  комплекс  беше  центар  за  спортско-рекреативни содржини, посетуван од битолчани, поготово летниот период. Со цел зголемување на понудата со  вакви содржини во градот,  ЈП „Стрежево“ во 2014 година повторно го стави  во  функција  овој  комплекс. Оваа  година  во  насока  на  зголемување  на атрактивноста на комплексот со нови содржини, ЈП „Стрежево“ го даде на користење на определено време.

     Очекуваме овој комплекс повторно да го врати стариот сјај.

 CAM01027 a  CAM01031 a
 CAM01047 a  CAM01036 a
 11264387 10205572544367988 943908988 n  11328960 10205572547648070 1048422196 n