Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Рибарство

  • КОНЦЕСИЈА ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ НА РЕКРЕАТИВНА ЗОНА ”АКУМУЛАЦИЈА СТРЕЖЕВО”;
  • ОБВРСКИ НА РИБОЛОВЕЦОТ;
  • ВИСИНА НА НАДОМЕСТ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ;
  • ПРИРАЧНИК ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ;
  • ИНВЕСТИЦИИ;
  • ФИЗИЧКА ЗАШТИТА ;
  • ОДРЖУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.

КОНЦЕСИЈА ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ НА РЕКРЕАТИВНА ЗОНА ”АКУМУЛАЦИЈА СТРЕЖЕВО”

Врз основ на предходно распишаниот јавен конкурс за давање на концесија на риби за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативни зони, владата на Република Македонија на на 31.7.2012 год, донесе Одлука за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативна зона “акумулација Стрежево” („Службен Весник на Република Македонија” бр.99/2012).
Рибите од рекреативната зона “акумулација Стрежево” за организирање на рекреативен риболов се доделуваат на концесија за период од шест години на ЈП ”Стрежево” – Битола.

ОБВРСКИ НА РИБОЛОВЕЦОТ

Секој заинтересиран рекреативен риболовец неопходно е при вадењето на дозволата освен документ за лична идентификација да поседува и легитимација за рекреативен риболов за 2014 година. Дозволите се подигнуваат во пунктот за издавање на дозволи сместен во управната зграда на улица "Булевар 1-ви Мај" бр.77 секој ден освен недела од 07.30-15.30 часот. Согласно член 50 од Законот за рибарство и аквакултура рекреативните риболоци се должни легитимацијата и дозволата за рекреативен риболов да ја носат при вршење на риболовот, редовно да водат евиденција за уловената риба и податоците да ги доставуваат до концесионерот. За прекршителите на законот се предвидени строги казни согласно Законот за рибарство и аквакултура.

ВИСИНА НА НАДОМЕСТ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ

ЈП “Стрежево” со одобрување од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство а по предходна консултација со претставниците на риболовните здруженија, согласно реалните финансиски можности и барања на граѓаните се одлучи да ја намали висината на надоместокот за издадена дозвола за рекреативен риболов.
Висината за надоместокот за издадена дозвола за вршење на рекреативен риболов на рекреативната зона „Акумулација Стрежево“ во зависност од времетраењето на важноста на истата е утврдена на следниот износ:

  • годишна дозвола       1.000,00 денари
  • петнаесетдневна           500,00 денари
  • седумдневна                    300,00 денари
  • еднодневна                       150,00 денари

 

ПРИРАЧНИК ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ

Заради целосно запознавање на рекреативните риболовци со правилата и обврските при вршењето на рекреативниот риболов на рекреативната зона, ЈП “Стрежево” изработи Прирачник за користење на рибниот фонд од рекреативната зона “Aкумулација Стреже¬во“. Прирачникот ќе се издава со секоја продадена дозвола за рекреативен риболов (год¬и¬¬ш¬¬на, еднодневна, седмодневна или петнаестодневна). Прирачникот го содр¬жи следното:

  1. Кои води се составен дел на рекреативната зона и кои се граници на истиот (за каде важи издадената дозволата),
  2. Најмала големина под која не смее да се лови одреден вид на риба,
  3. Време дозволено за риболов на одредени видови риби и време на забрана за рибо¬лов на одредени видови на риба
  4. Природни плодишта и период на забрана за риболов на истите
  5. Количество на дозволен улов на риби по видови ,
  6. Дозволен риболовен прибор
  7. Постапка на рекреативниот риболовец во случај да забележи загадување на водата или помор на риби,
  8. Постапка на рекреативниот риболовец во случај со загадување на околината, во и око¬лу риболовната вода.

ИНВЕСТИЦИИ

Планирани мерки и активности кои произлегуваат како обврска а воедно и искрена заложба на менаџерскиот тим на ЈП ”Стрежево” се насочени во следните насоки :

Реден број планирани мерки и активности
1 Физичка заштита
2 порибување 
3 Инвестиции во набавка на опрема 
4 Одржување и унапредување на животната средина 
5 Обука и воведување на нови технологии 

 ФИЗИЧКА ЗАШТИТА

ЈП ”Стрежево” – Битола физичката заштита ја остварува преку сопствена рибочуварска служба составена од обучени, професионални и униформирани рибочувари.
За подобра контрола и координација со надлежните органи ќе се организираат заеднички акции во кои ќе бидат вклучени инспекциските служби при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, инспекторите за животна средина од Министерството за животна средина и просторно планирање и полицијата.
Заради поефикасна заштита е набавен современ пловен објект-чамец на моторен погон со сигнализација и ознаки што максимално ги задоволуваат барањата за безбедна и уредна пловидба.
Намената на чамецот е во насока на брзо и навремено откривање на прекршителите на законот (криволовците) од страна на рибочуварската служба.
Претпријатието има обврска да детектира и информира за евентуално настанатите еколошки проблеми и негативни импликации врз рибниот фонд, контрола на уловената риба, но и поуспешно управување и стопанисување со “акумулацијата Стрежево” во целост.

ОДРЖУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Како концесионер на оваа риболовна вода, активностите во одржувањето и унапредувањето на животната средина се однесуваат првенствено на следното:

  • хидробилошки анализи;
  • мерење на хлорофил“а” во акумулацијата;
  • анализа на фауната на дното;
  • определување на пестициди во водата;
  • комплексно истражување на ихтиофауната.