Управниот одбор на јавното претпријатие се состои од најмалку пет, а најмногу 15 членови. Во Управниот одбор основачот - Владата на Република Македонија именува, односно разрешува претставници од редот на афирмирани и познати стручњаци во областа на предметот на работењето на јавното претпријатие имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници. Времетраењето на мандатот на членовите на Управниот одбор не може да биде подолг од четири години. Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со законот. Управниот одбор може полноправно да работи и одлучува доколку се присутни повеќе од половината членови на Управниот одбор. Одлуките на Управниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од сите членови на управниот одбор.
Членови на Управниот одбор се:
Претседател на Управен одбор
- Ѓорѓи Ѓорѓиевски
Член на Управен одбор
- Александар Петровски
Член на Управен одбор
- Александар Велјановски
Член на Управен одбор
- Анета Стефановска
Член на Управен одбор
- Биљана Јовановска
Член на Управен одбор
- Садетин Имероски
Член на Управен одбор
- Никола Марковски
Претседател на Управен одбор, во согласност со прописите со кои се уредубаат тие прашање, за вршење на функцијата прима надомест во висина од 14.000,00 денари, а членовите на Управниот одбор имаат висина на надомест (паушал) од 12.000,00 денари месечно.