Поставена нова урбана опрема - втор летниковец на Акумулацијата Стрежево
Во близина на селото Лера, од левата страна на главниот пристапен пат до рекреативната зона акумулација Стрежево, ЈП „Стрежево" - Битола постави урбана опрема - Летниковец, во непосредна близина на првиот, кој го изградивме минатата година.
„Со реализацијата на оваа активност се заокружува едно функционално решение и урбаното уредување и се обезбедува исклучително живописен поглед на акумулација Стрежево и неговата околина. Денес добивме уредено место каде што граѓаните ќе можат да се рекреираат и уживаат во природните убавини" - изјави директорот Методија Граматковски.