Во состав на ЈП “Стрежево“- Битола веќе повеќе од 25 години функционира рибник за виножитна пастрмка, со проточен систем на користење на водата во армирано бетонски базени. Локацијата на рибникот е непосредно низводно од браната “Стрежево“ во с.Црнеец, општина Битола. Вкупната површина изнесува 1,0398 ха.
Одгледувалиштето претставува аквакултурен објект со имплементирани стандарди за добра хигиенска и добра произведна пракса согласно законската легислатива која ја регулира оваа област со цел производство на квалитетен и безбеден производ – конзумна риба.
Продажбата на риба се одвива пред се во Битола и југозапападниот дел од Македонија, во угостителските објекти и рибарниците. Порибителен материјал (рибен помладок) потекнува од регистриран репроцентар.