Од друга страна ЈП "Стрежево" - Битола ќе додели 1000 заштитни маски и 1000 заштитни ракавици преку Општинска организација на Црвен крст Битола како официjален партнер на Општина Битола, наменети пред се за ранливите групи на граѓани (стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства на лица со попреченост) но и лица каде се најмногу потребни овие заштитни средства, како заштитна мерка за превенција од ширењето на корона вирусот.
“На ваков чекор се одлучивме откако претходно ги обезбедивме вработените со неопходните заштитни средства во вакви услови со што на вработените им се обезбедени сите потребни средства за работа.
Сите треба да придонесуваме за намалувањето на ширењето на вирусот. Ова е помош во моменти кога најмногу треба да се помогне. Важно е сите да сме свесни и одговорни и да ги сведеме социјалните контакти на минимум.
Мора да се почитуваат препораките за доброто на сите, пред се за доброто на нашите најблиски. Заедно да помогнеме кој колку може, а самите помагаме ако ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата”, изјави директорот Методија Граматковски.









