Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Функции на хидросистемот Стрежево

Функции на хидросистемот Стрежево

Хидросистемот Стрежево е повеќенаменски водостопански систем чии функции се застапени во следните водостопански области:

  1. Користење на водите,
  2. Управување и стопанисување со водите,
  3. Заштита на водите,
  4. Заштита од штетното делување на водите.

Активности во областа на користењето на водите:

  • снабдување со вода за наводнување на 20200 ha нето обработлива површина,
  • снабдување со си рова вода на системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби,
  • снабдување на индустријата со сирова вода (РЕК Битола, Фабрика за шеќер, Фабриката за квасец и шпиритус, Фабрика за преработка на овошје и зеленчук, Индустрија за млеко - Битола и др.),
  • рибарство во уредени рибници,
  • користење на водните сили - производство на хидроенергија во постоечките четири мали хидроцентрали.

Активности во областа на управување и стопанисување со водите:

  • планирање на долгорочен развој на водостопанството на ниво на сливно подрачје,
  • одење на долгорочна водостопанска политика,
  • правување со дистрибуцијата на водата во хидротехничката инфраструктура на Системот,
  • правување со потрошувачката (мерки за планско штедење на водата),
  • правна заштита на водите и просторот.

Активности во областа на заштитата на водите:

  • подобрување на режимот на малите води низводно од акумулацијата,
  • зачувување на екосистемите во акумулацијата и нејзината околина.
  • Во функција на заштита на квалитетот на водите е сопствената хемиско-бактериолошка лабораторија, чија задача е на повеќе контролни места да го следи квалитетот на водите кои влегуваат и излегуваат од акумулацијата Стрежево.

Активности во областа на заштитата од штетното делување на водите:

  • антиерозивна заштита и уредување на пороите во сливот,
  • регулација на водотеците и уредување на бреговите,
  • превентивна заштита и одбрана од поплави.

Со изградбата на браната Стрежево се зголеми степенот на заштита на подрачјето низводно од преградното место од големи поплавни води.