Согласно барањето на Сојузот на земјоделците – Битола, ЈП “Стрежево” донесе одлука доспеаните обврски на име годишен надоместок и искористена вода на земјоделците – корисници на системот за наводнување, да се подмират најдоцна до 01.06.2016 година.
Одлуката е донесена со цел да се излезе во пресрет на земјоделците.
Претходно, ЈП “Стрежево” донесе одлука за намалување на цената на сталниот воден надоместок за 7%, како и дополнителни 10% намалување на обврските за потрошена вода за 2015 година.