Официјално на 12.10.2016 година заврши овогодинешната сезона за наводнување. После сумирањето на податоците, ЈП “Стрежево” го објавува билансот од водостопанската дејност на претпријатието.
Оваа сезона е една од најдобрите, со склучени договори за наводнување на култури на површини од околу 7300 ha, што е за 6,5 % повеќе во споредба со 2015 година. Тенденцијата на зголемување на површините за наводнување се очекува да продолжи и во наредната година, Сезоната за наводнување за 2016 година ја започнавме со 103.843.000 m3 вода, а ја завршивме со 70.000.000 m3 вода, со 163 дефекти и 96 пријавени штети.
Со завршувањето на сезоната за наводнување, започнуваме со градежни работи за рехабилитација и реконструкција на цевководната мрежа.