Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Ј.П. "Стрежево" склучи договор за концесија

Јавното претпријатие "Стрежево" и Владата на Република Македонија потпишаа договор за концесија на риби за организирање рекреативен риболов на рекреативната зона " Акумулација Стрежево"

Денес Ј.П. "Стрежево" - Битола склучи договор за концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов во времетраење од шест години (2019-2024 година).

Во име на Владата на Република Македонија, Договорот за концесија го потпиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Со овој договор претпријатието ќе детектира и информира за евентуалните еколошки проблеми и импликации врз рибниот фонд, ќе ја контролира уловената риба и ќе врши поуспешно управување и стопанисување на акумулацијата Стрежево во целост. Ќе вршиме заштита и ќе овозможиме користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин. Физичката заштита ќе се остварува преку сопствена рибочуварска служба составена од обучени, професионални и униформирани рибочувари.

Акумулацијата Стрежево редовно ќе се порибува секоја година, најмалку два пати годишно во согласност со риболовната основа ( со подмладок од речна пастрмка и крап). На посебно задоволство на рекреативните риболовци планираме да вршиме и порибување со транслокација на риби со цел дополнително да ја зголемиме атрактивноста на акумулацијата Стрежево.

Планираме транспарентно да организираме заеднички средби со членовите на риболовните здруженија од регионот каде што ќе дискутираме за сите аспекти за поуспешно имплементирање на договорот за концесија на заедничко задоволство а пред се во интерес на граѓаните. Продолжуваме посветено и одговорно да се грижиме за заштитата на животната средина.

02 2018