Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

После 40 години нивите во Лисолајско поле ќе се наводнуваат

После 40 години Јавното претпријатие Стрежево денес за прв пат ќе започне со испорака на технолошка вода за наводнување на земјоделски површини во с.Лисолај. На земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880м во ров со пропратна хидромеханичка опрема. Инвестицијата е од сопствени извори на претпријатието во висина од околу 2 000 000 денари.

Со проширувањето на хидросистемот Стрежево во овај дел има можност да се наводнуваат околу 40 хектари плодна земјоделска површина.

Реализизацијата на овој проект ќе резултира со голем бенефит за земјоделците кои како производители на разни земјоделски култури ќе имаат можност за планирање и зголемување на нивното производство, како и голем придонес во подобрувањето на квалитетот на земјоделските производи.

Јавното претпријатие Стрежево не застанува тука. Целта на изработувањето и реализацијата на вакви проекти за проширување на хидросистемот за наводнување е да ги опфати сите земјоделски површини кои не се под хидросистемот и да зафати опсег на сите ниви од Пелагонискиот регион. Во нареден период ќе биде испорачана вода во атарот на селата Породин, Секирани, Габалавци и во село Кукуречани. Испораката на стрежевската технолошка вода ќе биде и преку реката Шемница и Црна река до земјоделските површини на општините Могила и Новаци.

Цел е технолошката вода да биде испорачана до секоја земјоделска површина од Пелагонија.

 

02. 03.05.2019