Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Ски-центарот “Нижеполе” подготвен за новата скијачка сезона

Јавното претпријатие Стрежево, ги превзеде сите чекори за успешна и континуирана скијачка сезона. Очекуваме зимската сезона да се одвива непречено со почитување на протоколите и мерките во услови на пандемија.

Нижеполе годинава располага со негувани скијачки падини. Вложивме во уредувањето, опремувањето, ставивме особен акцент на обезбедувањето и редот на ски-центарот, како и на сите други прашања што се значајни за користење на скијалиштето.

Скијалиштето е уредено на начин што ги задоволува условите од аспект на зачувување и заштита на животната средина, како и соодветните санитарно - хигиенски услови.

“Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток на новата ски-сезона, извршен е редовен сервис, променето е влечното јаже., изјави директорот Граматковски.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од COVID-19, односно задолжителна дистанца од 1,5 до 2 метри пред билетарниците, чајџилницата и ски-лифтовите сè со цел да имаме сигурна дестинација и спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

Го очекуваме снегот на волшебното планинско царство, мирисот на снегулките и сите заедно со душа да се насладуваме на прекрасната зимска идила.

Се надеваме на магична зимска бајка во периодот што следи и сите заедно да започнеме успешна скијачка сезона во новата година.

02 30.12.2020