Хидросистемот "Стрежево" и во време на криза вложува во цевководната мрежа - домашното производство на храна приоритет
ЈП “Стрежево” - Битола во период на поволни временски услови врши рехабилитација на деталната цевководната мрежа.
Со вложени сопствени средства во висина од околу 3 000 000,00 денари се заменуваат старите и дотраени цевки (поставени пред четириесетина години), со нови дуктилни цевки DN 500mm, на главниот цевковод SR 11 (Егри - Оптичари).
Со овој зафат ќе се придонесе да се намалат дефектите, ќе се подобри ефикасноста при користењето на водите и ќе намалат штетите, а навремено и значително поквалитетно ќе можеме да вршиме испорака на вода до посеаните култури.
Стрежево постојано докажува дека е вистински партнер на земјоделците и заедно со нив посветено работиме во креирање на мерки и решенија директно придонесувајќи за зголемување на домашното производство.