Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Стрежево додели финансиска помош на децата со аутизам

По повод 2 април - Меѓународниот ден на лицата со аутизам, одржавме средба со претставници на здружението на деца со аутизам "Рилука" од Битола.
"Стрежево" како општествено одговорно претпријатие додели финансиска помош на 21 дете со аутизам, за да помогне во секојдневното справување на овие семејства со предизвиците кои ги носи канеровиот синдром.
Со здружението "Рилука" се договоривме да помогнеме со финансиски средства за опремување на просториите на здружението, а со цел да придонесеме во процесот на инклузија на дечињата заради непречено одвивање на нивните едукативни активности.
Стрежево повикува заложба на нашето општество да биде недискриминација и максимална социјална инклузија на лицата со аутизам заради поддршка и подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Да помогнеме сите преку спојување по една коцкичка од мозаикот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања за да создаваме подобар свет за овие лица и нивните семејства.
Вработените на ЈП "Стрежево" со сето срце ја даваат оваа помош.