ЈП "Стрежево" започна со реконструкцијата на цевководната мрежа веднаш после завршувањето на сезоната за наводнување.
Според проектот најпрво се отпочна со демонтажа на хидромеханичката опрема на делничниот цевковод број 32 од главниот довод 7Ц (SR2), во близина на с.Оптичари. Постоечките PVC цевки со ∅250 mm ќе бидат заменети со полиетиленцки цевки по целата должина на цевководот која изнесува 1200 m, кој служи за наводнување на површина од околу 72 ha.
Паралелно се вршат припреми за реконструкција и на други цевководи од системот. Целокупните активности ќе се изведуваат од самото претпријатие.