Во просториите на ЈП Стрежево се одржа редовна крводарителска акција која ја организира ЈП Стрежево, Институтот за трансфузиона медицина од Битола и општинската организација на Црвениот Крст Битола.
Од почетокот на акцијата од 11 часот до крајот во 14 и 30 часот беа дарувани 30-тина крвни единици.
Оваа е втора крводарителска акција која се одржува во тековната година на која учествуваат вработените во ЈП Стрежево. ЈП Стрежево традиционално организира две до три крводарителски акции во една година.
“Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување на крв, вашата крв спасува и продолжува многу животи”.