На 18.10.2017 година, се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево” во согласност со Годишниот План за заштита и стопанисување со рибите во рекреативната зона “Акумулација Стрежево” за 2017 година и риболовната основа за оваа риболовна вода со рибен подмладок набавен од регистираниот репроцентар Акватика-Неготино.
Порибувањето се реализираше со крап (Cyprinus carpio - кој природно и примарно живее во риболовните води во нашата земја), во количина од околу 170 килограми, со единечна маса на порибителниот материјал во границите од 100 g ÷ 500 g и просечна маса од 150 g, односно околу 1200-1500 парчиња рибен подмладок.
На порибувањето присуствуваа релевантни субјекти кои согласно Законот за рибарство и аквакултура треба да присуствуваат на самиот чин на порибувањето.
Според динамиката и предвидените активности, Јавното претпријатие „Стрежево” - Битола, планира до крајот на годината да изврши најмалку уште едно порибување на риболовната вода „Акумулација Стрежево”, на задоволство на сите искрени љубители на риболовот.