На 26.04.2018 година (четврток) се изврши санација на пристапниот пат до рекреативната зона Акумулација Стрежево од страна на јавното претпријатие Стрежево
Санацијата се изврши со сопствена механизиција.
Пристапниот пат пред вчерашната санација беше во очајна состојба, долги години запоставен и на места многу оштетен, првенствено од надојдени води во пролетниот период. До крајот на оваа година претпријатието планира да постави на одредени места и цевки низ кои надојдената вода од дождовите и суводолиците ќе биде одведувана на соодветни места и ќе се оневозможи да врши оштетувања на пристапниот пат и преостанатите околни патишта кои водат до рекреативната зона Акумулација Стрежево.