Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ПОРИБУВАЊЕ НА АКУМУЛАЦИЈАТА СТРЕЖЕВО СО КРАП И ПАСТРМКА

На 28-ми јуни, ЈП "Стрежево" - Битола во близина на браната "Стрежево" и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”, го реализираше порибувањето за 2019 година со сопствени финансиски средства во износ од околу 350.000,00 денари со подмладок од крап (1000 единки) и пастрмка (5000 единки).

Во целост ја реализиравме обврската за оваа година согласно Законот за рибарство и аквакултура, договорот за концесија, риболовната основа и годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд во акумулацијата Стрежево, за 2019 година.

На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, претставници од репроцентарот Акватика од Неготино, заинтересирани граѓани, инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и претставник на овластената установа - изработувач на риболовната основа.

Јавното претпријатие „Стрежево” - Битола, во следниот период ќе продолжи да врши порибувања на риболовната вода „Акумулација Стрежево”, на задоволство на сите љубители на риболовот и животната средина.

 

02 04.07.2019