Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ВО ”СТРЕЖЕВО” СИТУАЦИЈАТА Е ОДЛИЧНА А НЕ ОЧАЈНА

Одговор на невистините произнесени на прес конференцијата одржана од секретарот на ОК на ВМРО –ДПМНЕ Битола за работата на ЈП Стрежево

Сакам во целост да ги демантирамнивните невистини произнесени на нивната прес конференција со аргументи и факти:

  • Прва невистина. Не фаворизираме ниту еден економски оператор

Јавното претпријатие Стрежево со моето доаѓање на чело на оваа институција нема реализирано ниту една набавка во четири очи или со преговарање за било која набавка во претпријатието. Сите постапки се нај транспарентни и сите се реализираат преку бирото за јавни набавки.

Онај економски оператор кој ги исполнува условите по јавната објава и кој има најниска цена при аукцијата тој склучува договор со договорниот орган.

За секоја постапка за јавна набавка има различна комисија која учествува во подготвување, спроведување и реализирање на набавката. Секогаш членови во комисијата се вработени од секторот од каде произлегува барањето за набавката. По евулуацијата набавката завршува со електронска аукција.

Во сите предмети па и во тој кој го спомнува секретарот на ВМРО ДПМНЕ ниту еден економски оператор не се фаворизира.

А економскиот оператор кој го спомнува секретарот  е потписник на договори за тој предмет во последните 20 години

  • Интересно прашање за Рибникот. Зошто рибникот покажува слаби резултати Кога дојдов на местото директор на 05 август 2017 година направивме анализа на работењето на претпријатието со посебен акцент на работата на Рибникот. Од анализата произлезе дека Рибникот е во загуба од околу 7 600 000 денари за 7 месеци а смртноста на риби 4 217 kg.

Со моето доаѓање на чело на претпријатието Рибникот бележи добри резултати и смртноста на риби е на најниско ниво.

Прашуваат зошто е намалено производството на риба во 2018 година. За ова треба да го прашаат поранешното раководство зошто во 2017 година набавиле само 500кг рибен помладок а не 1500 до 2000 кг колку што се набавува просечно за секоја наредна година со тежина на подмладокот од 4 до 6 грама. Секој знае дека конзумна риба од околу 200 до 250гр грама расти за околу една година.

Заради лошите планирања на производството на риби од поранешното раководство во 2017 година, во 2018 имаше намалено произвотство на риби.

Во пролета 2018 година новото раководство со рационалното планирање и навремената набавка на рибен помладок Стрежево во 2019 година имаше оптимално производство на риби.

Го покануваме секретарот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Битола заедно со други представници од ОК ( по негов избор) да го посети нашето претпријатие и заедно со стручните лица  да ги анализираме набавките и работата на рибникот во последните 2,5 години но и пред тоа кога на влас беше ВМРО ДПМНЕ.

Исто така ги повикувам надлежните институции да ја анализираат работата на претпријатието за последните 2,5 години но да ја испитаат и работата на претпријатието и за претходните 12 години за периодот 2006 – 2017година

  • Околу систематизацијата која се спомнува на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ сакам да кажам дека до доаѓањето мое на чело на фирмата се работеше по стара систематизација од 80 тите години. Со оглед дека јас сум вработен во претпријатието околу 17 години, јас но и другите вработени добро знаеме какви аномалии имаше старата систематизација.

Со донесувањето на Законот за Администрација, Законот за Јавни претпријатија и Законот за вработени во Јавниот сектор се задолжуваа одговорните лица на претпријатието да донесат Правилник за организација на претпријатието  и Систематизација на работните места. Поранешните директори преставници од паријата ВМРО -ДПМНЕ започнаа да изготвуваат систематизација но не ја донесоја иако имаа безброј средби со раководителите во (поранешни служби сега сектори и одделенија)  претпријатието и во МИОА. Зошто не се донесе нова систематизација иако сите вработени ја очекуваа, потребно е секретарот на ВМРО - ДПМНЕ да ги праша нив.

Околу функционалната анализа ние во овај момент ја изработуваме. Имаме формирано комисија со преставници на вработените од сите сектори каде нај транспарентно се изработува истата. Оваа анализа е обемна со оглед дека имаме повеќе основни дејности и други помошни дејности. Но во најскоро време и таа ќе се донесе.

  • Околу поставеното прашање дали ќе има вода за наводнување. Секретарот кога поставува вакво прашање треба да знае и да ги прати состојбите со сите акумулации во земјата и на Балканот како и состојбата на природните езера каде нивото на вода е на минимум.

Поради сушата во 2019 која според анализите е нај голема во последните 20 години а не поради недомаќинското работење во акумулацијата ја имаме оваа количина на вода.

Во моментот има околу 45 000 000 м3 вода со тенденција на зголемување на дотокот во пролетниот период.

Ланската сезона за наводнување беше една од најдолгите и траеше од мај до октомври.

Изминатата година се испорачаја рекордни количини на вода за пиење на населението  за опшините Битола, Могила и Новаци.

Го прашувам секретарот дали тој ќе дозволеше да се исуши родот на земјоделците и немаше да испорачува вода во ваква суша и дали немаше да испорачува вода за пиење и хигиена за населението во овие општини.

И покрај големата суша благодарение на вработените во Стрежево и рационалната испорака на вода немаше рестрикции и сите водокорисници (вода за пиење, вода за наводнување, вода за индустријата и вода за РЕК Битола) навреме и со потребните количини беа снабдени со квалитетна вода.

  • Околу партизацијата на претпријатието. Во Стрежево во периодот кога на влас беше ВМРО ДПМНЕ беа вработувани од сите видови на фамилијарни врски. Па така вработени се:

-          Браќа, сестри,  синови, татковци, мајки, братучеди и уште други мнугу бројни роднини на поранешни и сегашни функционери

-          Секако се вработени и поранешни советници во советите на општините и голем број на поранешни и сегашни координатори на месни одбори, координатори на жени, координатори на млади... 

-          И уште многу други истакнати функционери и активисти на ВМРО ДПМНЕ

За крај сакам јавноста да  ја информирам дека Стрежево не е во очајна состојба како што велат од ВМРО ДПМНЕ туку Стрежево е во одлична состојба.

Тоа ќе го поткрепам со неколку аргументи:

-          Во изминатата година го имавме најголемиот годишен приход од основањето на претпријатието

-          Реализацијата на капиталните инвестиции се со нај висок процент

-          Го обновивме возниот парк

-          Инвестиравме опрема во Ски центарот Нижеполе

-          Сите доспеани обврски се намирени према добавувачите

-          Се зголеми платата за сите вработени  и

-          Состојбата на жиро сметката на претпријатието е за неколку пати поголема од периодот кога владеше ВМРО- ДПМНЕ

Стрежево и на добар пат. Срежево е лидер во успешно работење.