Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА АД ЕСМ И ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОРОТ НА РЕК "БИТОЛА" ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА "СТРЕЖЕВО"

Во работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола беа генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, м-р Васко Ковачевски и генералниот директор на рударско-енергетскиот комбинат, РЕК "Битола", Златко Ќурчиевски.
Во рамките на посетата, реализираа заедничка средба со генералниот директор на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната состојба и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработка меѓу АД ЕСМ и Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола.
Земајќи во предвид дека со изградбата на повеќенаменскиот Хидросистем "Стрежево" се врши непрекинато, квантитативно покривање на потребите од сурова, непреработена вода во термоенергетската сфера, односно за потребите на рударско-енергетскиот комбинат, РЕК "Битола", за извонредното значење на средбата е повеќе од јасно.
На средбата беше потенцирана заложбата за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу двете институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка.
„Стрежево и покрај крајно неповолната хидролошка состојба веќе има обезбедено вода за РЕК "Битола" и ЈКП “Водовод". Потребните дванаесет милиони метри кубни вода се обезбедени во целост. Остануваме фокусирани на реализација на предвидените заеднички цели со АД ЕСМ, со прецизна стратегија, јасен фокус и визија во сите сегменти од заеднички домен”,
изјави по средбата директорот на претпријатието Методија Граматковски.

02 25.02.2020