Изминатите денови се изврши рехабилитација на главниот и помошниот пристапен пат до акумулацијата Стрежево. Патот го користат рекреативните риболовци, локалното население, спортисти и вработените од претпријатието.
Дополнително, се отстрануваше ниската вегетација околу главниот пристапен пат и се кастреа гранки и друга дива вегетација со цел непречено движење на граѓаните и возилата и поголема видливост на патот.
„Особен акцент во санацијата се стави на ударните дупки и калливи места кои се тешко проодни. Се работеше на санирање на критичните места каде е оштетена и однесена старата подлога, на делови од патот каде се собира вода и се потешкотија во нормалното движење на граѓаните. Овие активности се доказ за посветеноста на претпријатието за решавање на проблемите на граѓаните и за држење до дадениот збор од наша страна”, потенцираше директорот Методија Граматковски.
„Продолжуваме да ги решаваме посочените проблеми од граѓаните, од доменот на нашето работење", истакна директорот Граматковски.