Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ЈП “Стрежево” набави нови возила

Со сопствени средства, инвестиција од 6,5 милиони денари, Стрежево успешната година ја заокружи со набавка на 5 (пет) нови возила:три теренски возила, едно товарно моторно возило со носивост до 3.5 тона, едно то­­­­­­варно моторно возило со ладилник за транспорт на свежа риба и инвестиција во ме­ха­ни­­­чарската работилница.

Директорот Граматковски посочи дека модернизацијата на возниот парк на Стрежево има ва­жна, нераскинлива нишка со корисниците на нашите услуги и игра есенцијална улога за по­­до­бра мобилност на вработените, но и директна комуникација со корисниците на на­шите услуги.

„Подобрената мобилизација со новите возила се очекува да го намали времетраењето на из­в­р­­шувањето на теренските активности, да одговори на барањата на водокорисниците и да ја зголеми директната комуникација со клиентите", изјави директорот Методија Грама­т­ковски.

Ваквиот потфат придонесува во подобрувањето на нашите услуги и ќе ја подобри перце­п­ци­­­­јата во создавањето на едно развиено и конкурентно земјоделство, водо­сто­па­нство ,рибарство и аквакултура.

Крајниот ефект ќе има придонес за ефикасна реализација на управувањето, заштитата и за­­­чувување на водите и рибниот фонд со кои стопанисуваме.

Стрежево и во 2021 година ќе работи посветено за постојано подобрување на квалитетот на своите услуги во интерес на граѓаните.

02 28.12.2020