Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Хидросистемот Стрежево подготвено ги дочекува дождовите и снеговите

Акумулацијата Стрежево е подготвена да ги прифати водите од врнежите кои го зафатија регионот деновиве. Дневниот доток во акумулацијата изнесува околу 1,5 милион метри кубни вода или околу 15 m3/sec. Водите се зафаќаат од водотеците на Баба Планина преку Собирниот (Алиментационен) канал и се внесуваат во сливот на река Шемница.

„Дежурните екипи со опрема и ресурси се активни на терен, ја следат состојбата предизвикана од обилните врнежи и преземаат мерки и координирани активности во рамките на своите надлежности. Електро-енергетските постројки се исклучени, единствено во функција е ставена деривационата централа ХЕЦ Довлеџик, а со единствена цел - превенција од најмала можност за поплавување и вложување на максимални напори за зачувување на секоја капка вода во интерес на водокорисниците. Ги уверувам граѓаните дека сме подготвени да ги прифатиме и најголемите води без последици врз објектите лоцирани во близина на сливното подрачје и населението” - изјави директорот Граматковски.

Следниот период можеме да очекуваме значително подобрување на хидролошката состојба се со цел да можеме да обезбедиме подеднаков третман во давањето на услугите на сите корисници на вода.

ЈП “Стрежево” - Битола со рационално користење на водата, намалување на загубите на вода на минимум и штедење на водата, ќе направи се да обезбеди доволно количина на вода за реализација на планот за сезоната за наводнување.

02 11.01.2021 02