Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ЈП „Стрежево“ во 2021, со инвестиции од 50 милиони денари

Изјава на директорот Методија Граматковски до медиумите

Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, две години со ред, а еве и денес пред Вас презентирам дел од работата на Стрежево во изминатата 2020 година и плановите за тековната 2021 година. Оваа информација која ја испраќаме денес е капиталот со кој излегуваме во јавноста и врз кој граѓаните треба да не вреднуваат.

 

Изминатата 2020 година беше исклучително тешка година поради пандемијата од КОВИД 19, но сите активности кои се реализирани во 2020 година се резултат на залагањето и работата на вработените.

И во услови на пандемија претпријатието инвестираше во нови проекти

Во овој момент ќе се осврнам само на најзначајните инвестиции изминатата година:

Вкупните инвестиции беа реализирани исклучиво од сопствени финансиски средства и се движеа околу 40.000.000 денари.

Како поголеми инвестиции по вредност би ги издвоил следните:

  • Директни инвестиции во водостопанската инфраструктура, a пред се рехабилитацијата на Главниот цевковод од деталната цевководна мрежа (ДЦМ), со профил на цевки DN 600mm, во должина од 600m и пропратна хидромеханичка опрема, а се реализираше во атарот на Могила. Инвестиција вредна 20.000.000,00 денари.
  • Модернизација и обновување на возниот парк на Стрежево се изврши со цел подобрa мобилизација и намалување на времетраењето на извршувањето на теренските активности, а во интерес на водокорисниците, инвестиција во вкупна вредност од околу 6.500.000,00 денари.
  • Инвестиција во санација на повеќе аквадукти од алиментациониот (собирен) канал во вредност од над 3.000.000,00 денари.

На триесет и деветтата седница на Владата одржана на 16 јануари 2021 година е донесена "Одлука за давање согласност на Годишната Инвестициона Програма на Јавното претпријатие Стрежево за 2021 година".

Ќе изнесам дел, односно најзначајните планирани инвестиции за 2021 година

Поголеми и позначајни инвестиции во 2021 година

  • Како најголема и најзначајна инвестиција оваа година а ја најавив уште во 2018 година е изградбата на фотоволтаична централа на Брана со снага од 500kW. Изградба на фотоволтаичната електрична централа со моќност од 500 kW oчекуваме да ја реализираме крајот на третото или евентуално почетокот на четвртото тромесечие. Треба да се напомени можноста во нареден период да се изгради плус друга фотоволтаична централа од 500 kW со оглед на тоа што од Mинистерството за економија имаме добиено дозвола за изградба до 1000 kW. Веќе е добиена Премиум тарифа, изработена е локална урбанистичка планска документација, земјиштетото е пренаменето во градежно и најново, вчера објавивме оглас за Јавна набавка за изработка на проекти од сите делови (електротехнички дел, архитектура, статика, животна средина...). Вредноста на оваа инвестиција е околу 21.000.000,00 денари сопствени средства.
  • Стрежево не го заборави Ски центарот. Напротив, со пандемијата изминатиот период и шалтерското работење преку соодветни протоколи за заштита од Ковид 19 на Чајџилница, се наметна потреба од изградба на помошен објек до Чаиџилницата кој ние го нарековме “стакларник”, во склоп на Ски центарот Нижеполе изработен од челик и стакло. Со реализацијата на овој проект Чајџилницата ќе прерасне во современо и привлечно место со одличен комфор и топлинска изолација во зимски услови, објект од отворен тип за сите посетители, а граѓаните ќе се чувствуваат удобно за време на нивниот престој во Ски центарот Нижеполе. Планирана вреднос на инвестицијата 1.500. 000,00 денари.
  • Подготвуваме јавна набавка на проектно-техничка документација за реализација на проектот "Заснежување на ски патеките со топови за снег", а доколку добиеме и помош од Владата спремни сме да го реализираме и овај проект оваа година.
  • Ќе инвестираме и во рехабилитација на деталната цевководна мрежа со износ од околу 20.000.000,00 денари, во градежна механизација со износ од околу 10.000.000,00 денари, инвестиции во Главниот и Собирниот канал и други помали инвестиции.

Проекти во нареден период од витално значење на Битола

Изработени се и проекти од наша страна за нареден период кој со помош на Владата и локалната самоуправа би се реализирале во следните години

  • Изградба на нов цевковод за водоснабдување на РЕК Битола и регионалниот водоснабдителен систем за општините Битола, Могила и Новаци од акумулацијата “Стрежево” до разделната шахта пред селото Кукуречани, изработен од дуктилно железо. Со реализација на овај проект би го решиле сигурно снабдувањето со вода за населението на општините Битола, Могила и Новаци за наредните 50 години и сигурно снабдување со технолошка вода на РЕК Битола додека трае неговиот животен век. Истовремено ќе бидеме во можност да извршиме рехабилитација и одржување на Главниот канал на потегот Брана - Кукуречани, кој поради континуираното испорачување на вода 24 часа, 365 дена во годината, многу малку беше градежно одржуван од внатрешниот дел во изминатите 40 години.
  • Пречистителна станица за водите од сливното подрачје на Хидросистемот Стрежево со реализација на активности кои непосредно произлегуваат од редефинирањето на заштитните зони и имплементацијата на заштитните мерки на влез во акумулацијата “Стрежево”.

Особено сакам да потенцирам дека цената на водата за сите водокорисници (земјоделство, индустрија и водоснабдување на население) во 2021 година останува непроменета, односно цената на водата Стрежево нема да ја зголеми.

Би сакал да Ве информирам дека состојбата на акумулацијата со вода е добра. Во овај момент акумулацијата е полна со повеќе од 60 000 000 м3 вода што е за 35% повеќе од лани во овај период или за повеќе од 15 000 000 м3 вода. Со овај податок сакам да испратам порака до сите водокорисници дека вода за нивните потреби ќе има доволно, но со апел за рационално трошење.

Вредностите зад кои цврсто стојат вработените на Стрежево изминатите три години но и ќе стојат во иднина се зборовите: работа, доверба, одговорност, хуманост и успех.

Стрежево чекори кон врвот на успехот !