Одбележуваме јубилеј 44 години постоење на претпријатието со работна акција на вработените на Ски центарот Нижеполе
Ја избравме оваа локација за одбележување на јубилејот како култно место каде што многу наши сограѓани тргнале во освојувањето на снежните белини. Ски центарот Нижеполе е симбол на скијачка традиција, планински бисер на топлата страна од Пелистер.
„Стрежево одбележува успешни години. Заокружуваме период на искористен голем потенцијал со голем број на инвестиции во модернизација, иновација и знаење.
Во време на бројни предизвици и неизвесности, во година на светска енергетска и економска криза, Стрежево максимално ги почитува донесените мерки за заштеда на енергетска и топлинска енергија од страна на Владата, и ги презеде сите неопходни мерки за организирање на процесот на работа во услови на минимално трошење и максимално штедење.
Задоволни сме од постигнатите резултати во изминатите пет години од работењето на претпријатието.
Стрежево денес е докажан бренд со јасна визија за развој. Континуираниот раст од година во година е пред сѐ резултат на големата професионалност на тимот, но и на довербата која ја добиваме од граѓаните. Тоа ни дава за право да заклучиме дека добро сме сработиле до сега, но и не обврзува да бидеме уште подобри во годините што следат“, изјави Менде Граматковски, директор на Стрежево.
Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на сите генерации членови на големото семејство Стрежевци за посветената работа и напорите вложени за непречено одвивање на процесите, рече Граматковски.
„Главни приоритети на ‘Стрежево’ и понатаму ќе останат обезбедувањето чиста животна средина и заштита на водните ресурси, вложување во деталната цевководна мрежа, Главниот канал, Собирниот канал, модернизација на хидроцентралите и секако капиталната инвестиција, изградбата на новата фотоволтаична централа која се надевам дека до крајот на оваа година или почетокот на следната ќе започниме со нејзина изградба.
Кога сме кај инвестиционите вложувањата во Ски центарот, истите претставуваат вистински доказ дека Стрежево придонесува во развојот на спортот како исклучително значаен општествен сегмент. Се надевам дека во нареден период ќе се обезбедат финансиски средства и ќе се инсталира толку посакуваниот систем за заснежување на ски патеката.
Тенденција е во нареден период хидросистемот Стрежево како најголем и најсовремен хидросистем во државата да го задржи и надогради овај примат.
На крај на сите сегашни и поранешни вработени им го честитам роденденот на нашиот хидросистем со желба за личен успех и успех на претпријатието.“, додаде Граматковски во своето обраќање.
Честит роденден Стрежевци!