Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Биланс од сезоната за наводнување на ЈП “Стрежево”

       Заклучно со 28.09.2015 година заврши овогодинешната сезона за наводнување. После сумирањето на податоците, ЈП “Стрежево” го објави билансот од водостопанската дејност на претпријатието.

      Оваа  година беа склучени договори за наводнувањена култури на површини од 6.865 ha, што е за 24% повеќе во споредба со 2014 година. Тенденцијата на зголемување на површините за наводнување се очекува да продолжи и во  наредната година, кога се очекува да се наводнуваат близу 8.000 ha обработлива површина. Сезоната за наводнување за 2015 година ја започнавме со 105.000.000 m3 вода, а ја завршивме со 67.000.000 m3 вода.

      Оваа година бројот на дефектите на мрежата беше за 46% помал во споредба со претходната година,  а бројот на штети за 11% помал.

      Со завршувањето на сезоната за наводнување, започнуваме со градежни работи за рехабилитација и реконструкција на цевководната мрежа. Во реконструкцијата ќе бидат опфатени  три главни и повеќе делнични цевководи во должина од 7 km.

Picture 324 Picture 329
Picture 328 Picture 331