Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Рехабилитација на главен цевковод 8Ц

      ЈП “Стрежево” продолжува со активностите за рехабилитација и реконструкција на деталната цевководна мрежа.

      На 05.10.2015 година започна рехабилитацијата на дел од главниот цевковод 8Ц,  кој поминува во атарот на село Егри. На овој дел од цевководот, кој опфаќа површина за наводнување од 2000 ha, се јавуваат проблеми во функционирањето бидејќи е дотраен и оштетен. Целта на рехабилитација во овој дел е да не се прават штети и поплавувања на околните парцели, како и да се обезбеди континуитет во наводнувањето, без прекини, кои се јавуваа во минатото заради честите дефекти. Според проектот, на главниот цевковод 8Ц, за разлика од останатите цевководи, се реконструира потегот од 620 m со замена на постоечките челични цевки со дуктил цевки (нодуларен лив), со дијаметар Ø 600 mm. Претходните денови се одвиваа активности за чистење на вегетацијата и означување на трасата, додека во текот на денешниот ден се започна со ископ.

0f80a03ca0d38ff5aa286314852082bb88a80a2b8f75ddb0b704bdcdf6a6891c 427c48f400e621a56fe6228ee99834c792f713e81a1286e5279269788f0b9cfd
812e819bb1252e5545cf80ec0ab4837e1f125203d0a660f4d28d007e47bd0bc9 a318b4696e808e2092299086b399e690dd4683be3b8de3bc873bcdcf7ddeae30
c008e58c6e10162606af1f3c333e372ba5514035623dbbf5a2547bdea6cd6e6b ee194d7f825a22fccde81f5dce412002170d71e7c21695b58294cba60abec129