Се известуваат сите водокорисници дека согласно Одлука на Управниот одбор на ЈП "Стрежево" - Битола број 02-332/2 и 02-333/3 од 18.05.2020 година
- Се отпочнува со полнење на цевководите односно со ставање во употреба на системот за наводнување - мрежата на ден 20.05.2019година, кој ден ќе се смета за старт на сезоната за наводнување 2020година
- Сите корисници на на вода за наводнување (правни и физички лица) договорите за користење на вода да ги склучуваат од 20.05.2020 до 01.07.2020 година, секој работен ден од 07 до 18 часот.
- Сите корисници на вода да носат Имотен лист и Договор за закуп доколку постои.
- За секоја потребна информација, пријавување на потребата за наводнување, како и пријавување на дефекти на мрежата да се користат сл телефонски броеви
- Бесплатен 0800 50 555
- Статичен 047/524-666
- Мобилен 072 306 772
1. Пријавувањето на потребата за наводнување од 07 до 19 часот се врши секој работен ден
2. Пријавување на дефект на мрежа во тек на цело денонокие -24 часа во текот на цела недела