Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Директор

slika M.Gramatkovski 1

Методија Граматковски - дипломиран електротехнички инженер

Директор на Ј.П. Стрежево – Битола.

 

Г-дин Граматковски во текот на своето дваесет годишно работење се стекнува со професионално работно искуство во областа на менаџирањето и електроенергетиката.

Во периодот од 1998 до 2003 работи во компанијата на МЗТ Монтинг- Битола во извршување на позицијата раководител  на објект и раководител на економска единица; од 2003 до 2017 е поставен на работно место инженер во Јавното  претпријатие Стрежево- Битола во рамките на секторот Електроенергетика, производство и продажба на електрична  енергија. Исто така, во период од 2000 до 2005 година бил носител на јавна функција како член на Управен одбор за  надгледување, одобрување и учевство во донесувањето на одлуки за работата на Јавното претпријатие Пазари” - Битола.

На 5ти август 2017 година е назначен за директор на Јавното претпријатие Стрежево - Битола.

Г-дин Граматковски се стекнува со диплома на Техничкиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски- Битола, Електротехнички отсек на студиската програма Индустриска Електроенергетика.

Има издадено неколку трудови од кои:

 - Изградба на нова хидроцентрала во Ј.П. Стрежево - Битола (Mеѓународна конференција за енергетика - ЗЕМАК, 2010 година)

 - Искористување на oбновливите извори за производство на електрична енергија во Ј.П. Стрежево- Битола (Mеѓународна конференција за енергетика - ЗЕМАК, 2012 година)

 - Изградба на фотоволтаична централа во Ј.П. Стрежево”- Битола (Mеѓународна конференција за енергетика - ЗЕМАК, 2018 година)

 

 

 Контакт:

 телефон:

+389(0)72 275 825
+389(0)47 207 816

факс:

+389(0)47 207 836

e-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.