Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Брана ЈП Стрежево

Брана „Стрежево“ со придружни објекти

Браната “Стрежево” е висока земјано - насипна преграда со централно глинено јадро и возводно и низводно потпорно тело од чакал подигната на реката Шемница, возводно, на 24 km од нејзиниот влив во Црна Река и на 1,5 km низводно од селото Стрежево. Со нејзината изградба се формира акумулационен простор, со корисен волумен кој овозможува: обезбедување на потребните количини на вода за наводнување на дел од Пелагонија (проектно предвидени 20.200 ha нето обработлива површина), делумно надополнување до потребните количина на непреработена вода за потребите на ЈП “Водовод” – Битола, обезбедување на дел од потребите од сирова вода за дел од индустријата, заштита од поплавување на дел од Пелагонија итн.

Нејзините технички карактеристики се:

  • Кота на круната............................................................. 741,00 m н.в.
  • Кота на нормален водостој........................................... 735,50 m н.в.
  • Кота на максимален водостој....................................... 739,00 m н.в.
  • Кота на минимален водостој.........................................694,00 m н.в.
  • Висина на браната..........................................................76 m
  • Ширина на круната на браната.....................................10 m
  • Должина на круната на браната....................................632 m
  • Нагиб на возводната косина..........................................1:2 и 1:4,4
  • Нагиб на низводната косина..........................................1:2
  • Волумен на браната........................................................4,219 • 106 m3
  • Волумен на акумулацијата на 735,50 m н.в.................119,23 • 106 m3
  • Корисен волумен............................................................108,87 • 106 m3
  • Плоштина на водното огледало на 735,50 m н.в..........432,86
  • Должина на водното огледало на 735,50 m н.в............6.25 km

Придружните објекти на браната “Стрежево” со соодветна хидромеханичка опрема ги сочинуваат:

  • Преливниот орган (преливна шахта, тунел брзоток и слапиште), кој овозможува евакуација на 170 m3/s, односно дел од катастрофалните води со веројатност на појава 0,01% (400 m3/s);

Зафатниот орган (кула зафат, доводен тунел, кула затворачница, бучница со дефлектор и брзоток со ски - скок);

  • Темелниот испуст со слапиште;
  • Инекционо - ревизионата галерија.

Во комплексот брана “Стрежево” се вклучени и следните содржини:

  • Командна зграда;
  • Мала метеоролошка станица;
  • Хемиско - бактериолошка лабараторија;
  • Рибник за калифорниска пастрмка (зграда со мрестилиште и рибни базени) со годишен капацитет од 60 t;
  • Насади од ореви (610 садници на плоштина 9 ha);
  • Насади од бадеми (1.200 садници на плоштина од 3 ha);
  • Експлоатациони патишта 2,52 km;
  • Електро - енергетските објекти: ХЕЦ “Стрежево”, со која е овозможено електро-енергетско искористување на водата за потребите на главниот доводен канал и ХЕЦ “Биолошки минимум”, со која е овозможено електро - енергетско искористување на задолжителниот биолошки минимум на реката Шемница.

Техничкото набљудување на браната “Стрежево” се реализира преку систем за мерење на осцилациите на водата во надворешни и внатрешни пиезометри, порните и тоталните притисоци, поместувањата на мерните точки во телото, на косините и на придружните објекти на браната, како и со системот за сеизмичка оскултација.

brana jp strezevo 01 brana jp strezevo 02
brana jp strezevo 03 brana jp strezevo 04