Главниот доводен канал од Хидросистемот “Стрежево“ има задача да ја транспортира и дистрибуира водата од акумулацијата “Стрежево“ до зафатните градби и објектите за водокорисниците на системот и представува падински канал со вкупна должина од 44.136 m. За реализација на поставената задача како и за обезбедување на потребната експлатациона сигурност и можноста за контрола, ревизија и евентуални санациони зафати главниот доводен канал ги обединува следниве објекти:
- Канал со должина..................................................................39.09 m
- Зафатни објекти со соодветна хидромех. опрема..............15
- 3 тунели со вкупна должина ...............................................2.64 m
- 8 сифони со вкупна должина...............................................1.438 m
- 58 аквадукти со вкупна должина ........................................1.095 m
- Ревизиони шахти ..................................................................27
- Странични сигурносни преливи..........................................9
- Странични сигурносни испусти..........................................5
- Компензациони базени.........................................................2
- Еkсплоатационии пристапни патишта................................cса 40 кm
Со проектната документација, максималната пропусна моќ на каналот е определена од вкупните потреби на водокорисниците (11,11 m³/s за наводвување 0,7 m³/s за потребите на преработена вода за ЈП “Водовод“ и 0,5 m³/s за потребите на сирова вода за термоелектраната “Битола“) и изнесува 12,31 m³/s. Главниот доводен канал е изведен со дилитациони спојници по целиот периметар на попречниот пресек на секои 20 m од каналот, со два основни типови на пресеци. Потковичест, на должина од 32.360 m и правоаголен, на должина од 10.803 m, секој со свои подтипови, со димензии кои се во корелација со потребната пропусна моќ. Генерално надолжниот пад на дното на каналот е 0,8% со исклучок на делниците на каналот, каде што се респектираат потребите на динамичка регулација.
Со исклучок на зафатените градби за цевководите SR2, G5, SR13
km 9+600 |
km 44+078 |
km 44+080 |
km 13+320 |
ROO 170 1/s |
RO1O 900 1/s |
RO11 300 1/s |
GO 500 1/s |
како и зафатените градби за трикотажата “Пелистер“, термоелектраната “Битола“ и фабриката за шеќер, сите останати зафатни градби се од типот “паткин клун“ и истите се во склоп на регулационите објекти на каналот:
km 14+795 |
km 17+373 |
km 20+484 |
km 21+830 |
km 25+966 |
km 32+848 |
km 36+183 |
km 39+685 |
km 42+448 |
RO1 940 1/s |
RO2 1200 1/s |
RO3 800 1/s |
RO4 1900 1/s |
RO5 500 1/s |
RO6 1400 1/s |
RO7 1200 1/s |
RO8 1100 1/s |
RO9 1200 1/s |
Од 2001 година термоелектрана “Битола” започна со водоснабдување преку новиот цевковод кој се изведе со приклучок од типот “паткин клун” на стационажа km 13+320. Претходно изведениот цевковод на стационажа km 25+966 сеуште е во употреба, при што предвидената количина на вода од 0,5 m3/s се користи комбинирано а во зависност од потребите на термоелектраната “Битола”.
Управувањето со движењето на водата се врши со телекоманда од контролниот компјутерски центар кој е лоциран во управната зграда на Хидросистемот според методата на динамичка регулација. Со проектот за динамичка регулација, покрај компензацијата по должината на каналот (максимум 30.000 m³), која се обезбедува со регулационите објекти, предвидени се и два компензациони базении и тоа, компензациониот базен “Довлеџик“ со вкупен волумен 13.150 m³ (корисен волумен - 10.840 m³) и компензациониот базен “Велушина“, кој е лоциран на крајот од каналот (зафат G5 и SR13) со вкупен волумен 5.010 m³ (корисен волумен - 3.250 m³).