Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Надзорен одбор

За вршење контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие се формира Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење (во натамошниот текст: Надзорен одбор) од пет члена. Времетраењето на мандатот на членовите на Надзорниот одбор не може да биде подолг од четири години. Членовите на Надзорниот одбор од ги именува, односно разрешува основачот – Вадата на Република Македонија. За членови на Надзорниот одбор можат да се именуваат лица со високо образование, кои поседуваат знаења и искуство особено од дејноста на финансиското и сметководственото работење. Членовите на Надзорниот одбор за контрола можат да присуствуваат на седницата на Управниот одбор и им се доставува покана со сите материјали што им се доставуваат на членовите на управниот одбор. Надзорниот одбор за контрола задолжително ги прегледува годишните сметки и извештајот за работа на јавното претпријатие и по прегледувањето му дава мислење на Управниот одбор. Надзорниот одбор задолжително се состанува најмалку четири пати годишно.

 

Членови на Надзорниот одбор се:

Претседател на Надзорен одбор - Теодор Чаламани, дипломиран градежен инженер.

Член на Надзорен одбор - Невена Димовска, дипломиран јавен и државен администратор на Јавна и државна администрација и Правен Факултет.

Член на Надзорен одбор - Анета Смилевска, магистер по инженерство на софтверски апликации, со моментално работно место: програмер во БтоБет ДООЕЛ.

Член на Надзорен одбор - Теодор Тодоровски, магистер на Економски факултет, со моментално работно место: Стопанска банка АД Скопје - платен промет - филијала Битола.

Член на Надзорен одбор - Мухамед Амзовски, дипломиран општ медицински техичар на Висока медицинска школа Битола, со моментално работно место: Медицински техничар во клиничка болница Битола.

 

Председател на Надзорен одбор, во согласност со прописите со кои се уредубаат тие прашање, за вршење на функцијата прима надомест во висина од 12.000,00 денари, а членовите на Надзорен одбор имаат висина на надомест (паушал) од 10.000,00 денари месечно.