Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Технички директор

jove dojcinovski copy 02Јован Дојчиновски, дипломиран градежен инженер, извршува функција технички директор на ЈП Стрежево – Битола од 15.11.2017 година.

Веднаш по дипломирањето на Градежен факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје (во 1981 година) се вработува во ГРО Бетон - Битола како раководител на градба на главните погонски објекти на РЕК Битола”. Од 1984 година како вработен во ЈП Стрежево на работните места одговорен инженер, раководител и како помошник директор за управување и заштита на водите се стекнува со повеќе од триесетгодишно работно искуство во областите на далечинско управување со водите на хидросистемот Стрежево.

Во 1984 година има завршено стручна обука во областа на далечинско управување со водите на хидросистемите во две водостопански претпријатија во Франција ((Société du Canal de Provence (SCP) - Aix-en-Provence и Bas-Rhone Languedoc (BRL) - Nimes).

 Автор е и соработник на стручни написи и проекти:

1. Состојбата на главниот доводен канал од ХМС "Стрежево" - Битола, III-тo Советување на водостопанството во Република Македонија, Струга, 1996

2. Централизирано компјутерско далечинско управување на Главниот канал во хидросистемите, III-тo Советување на водостопанството во Република Македонија, Струга, 1996

3. Хидрауличко-дистрибутивен и информационен модел за прогноза на протоци во отворени канали, IV-тo Советување на водостопанството во Република Македонија, Струга, 1997

4. Идеен проект – Заштитен систем од отпатни води на акумулацијата "Стрежево", дел 1- Анализа на оправданост и изводливост, ЈП "Стрежево" - Битола, 2007

5. Елаборат за зголемување на пропусната моќ на река Шемница од Бели мост до брана "Стрежево", I фаза, ЈП"Стрежево" - Битола, 2006

 

 

Контакт:

 телефон:

+389(0)70 395 062
+389(0)47 207 816

факс:

+389(0)47 207 836

e-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.