Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Управен одбор

Управниот одбор на јавното претпријатие се состои од најмалку пет, а најмногу 15 членови. Во управниот одбор основачот - Владата на Република Македонија именува, односно разрешува претставници од редот на афирмирани и познати стручњаци во областа на предметот на работењето на јавното претпријатие имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници. Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор не може да биде подолг од четири години. Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со законот. Управниот одбор може полноправно да работи и одлучува доколку се присутни повеќе од половината членови на Управниот одбор. Одлуките на управниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од сите членови на управниот одбор.

Членови на Управниот одбор се:

  1. Петровски Добри - претседател на Управниот одбор
  2. Пешковска Ерика
  3. Павловски Петар
  4. Шундовски Горан
  5. Нечовски Сребре
  6. Крстевски Славчо
  7. Христовски Раде
  8. Ангелковски Васко
  9. Демировски Земир