Водата од Стрежевската акумулација и на температури од 40 степени ова лето стигнува до сите водокорисници

И покрај сушата што ги зафати Битола и Пелагонија Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола во целост ги исполни своите обврски за снабдување на своите корисници со вода и количина која им беше потребна. Во овој момент се испорачува вода за Јавното комунално претпријатие „Водовод“ за снабдување со вода за пиење на граѓаните од општина Битола, општина Новаци и општина Могила. Вода испорачуваме и за најголемиот енергетски комбинат во државата РЕК Битола, и секако водата се испорачува и до последната насадена нива опфатена со хидросистемот во Пелагонија.