Заврши реконструкцијата на цевковод 8Ц

Денес, 04.12.2015 година, заврши реконструкцијата на цевководот кај село Егри во должина од 650 метри.

Се изврши замена на нефункционалните цевки, поради кои на тој реон имаше проблеми во нормалното водоснабдување. Следната фаза на замена на уште 120 метри ќе се изведи наредната година и со тоа во целост ќе се добие функционален цевковод за непречено снабдување со вода на околните корисници. Вкупната површина која се наводнува од овој цевковод изнесува  над   2.500 ha, а самата инвестицијата има вредност од 12.000.000 денари.

Повеќе: Заврши реконструкцијата на цевковод 8Ц

Санирано свлечиште кај село Драгожани

 Во текот на 2015 година поради обилните врнежи и влијанието на подземните води, појавено е свлечиште во зона на сервисниот пат на главниот доводен канал на стационажа km 12+700.

 Со свлекувањето беше целосно зафатен потег од сервисниот пат со должина од 15-25 m, а круната на самото свлечиште оди скоро до самиот заштитен насип на каналот. Во месец мај констатирано е проширување на свлечната зона со појава на пукнатини на сервисниот пат, со што се наложи потребата од зголемување на санационите мерки.

Повеќе: Санирано свлечиште кај село Драгожани

Порибување на акумулација "Стрежево"

Денес се изврши порибување на акумулација "Стрежево", во согласност со риболовната основа и Годишниот план за 2015 година, со рибен подмладок набавен од регистрираниот репроцентар "Акватика" - Неготино.

Порибувањето се реализираше со крап, во количина од над 150 килограми, со просечна маса на порибителен материјал од 100-150 грама, односно од 1000-1200 парчиња, со што само во 2015 година акумулацијата е збогатена со над 300 килограми подмладок од крап.

Повеќе: Порибување на акумулација "Стрежево"

Одржан прес по повод започнувањето со градба на новиот систем за наводнување – 19.11.2015 год.

Gradba Novaci

На пресот беа присутни градоначалникот на општина Новаци, г-дин Лазар Котевски, директорот на ЈП Стрежево , г-дин Марјан Ѓероски, претседателот на Здружението на земјоделци, г-дин Тантаров. Ова се дел од изјавите: Градоначалник на општина Новаци г-дин Лазар Котевски: „ Започнавме со долгоочекуваниот проект за нашето население, нашите жители, префрлување на системот за наводнување преку река Црна Стрежево. Ќе го користиме цевководот за водата од акумулационото езеро за РЕК. Ова е прва фаза, Јужен крак, и има 600 ха за наводнувње. Во 2016 год. ќе продолжиме со Северен крак и индивидуалните земјоделци ќе видат голем бенефит од системот бидејќи ќе се наводнуваат скоро 2000 ха обработлива површина.“

Повеќе: Одржан прес по повод започнувањето со градба на новиот систем за наводнување – 19.11.2015 год.

Страница 30 од 42