Санирано свлечиште кај село Драгожани

 Во текот на 2015 година поради обилните врнежи и влијанието на подземните води, појавено е свлечиште во зона на сервисниот пат на главниот доводен канал на стационажа km 12+700.

 Со свлекувањето беше целосно зафатен потег од сервисниот пат со должина од 15-25 m, а круната на самото свлечиште оди скоро до самиот заштитен насип на каналот. Во месец мај констатирано е проширување на свлечната зона со појава на пукнатини на сервисниот пат, со што се наложи потребата од зголемување на санационите мерки.

Повеќе: Санирано свлечиште кај село Драгожани

Порибување на акумулација "Стрежево"

Денес се изврши порибување на акумулација "Стрежево", во согласност со риболовната основа и Годишниот план за 2015 година, со рибен подмладок набавен од регистрираниот репроцентар "Акватика" - Неготино.

Порибувањето се реализираше со крап, во количина од над 150 килограми, со просечна маса на порибителен материјал од 100-150 грама, односно од 1000-1200 парчиња, со што само во 2015 година акумулацијата е збогатена со над 300 килограми подмладок од крап.

Повеќе: Порибување на акумулација "Стрежево"

Одржан прес по повод започнувањето со градба на новиот систем за наводнување – 19.11.2015 год.

Gradba Novaci

На пресот беа присутни градоначалникот на општина Новаци, г-дин Лазар Котевски, директорот на ЈП Стрежево , г-дин Марјан Ѓероски, претседателот на Здружението на земјоделци, г-дин Тантаров. Ова се дел од изјавите: Градоначалник на општина Новаци г-дин Лазар Котевски: „ Започнавме со долгоочекуваниот проект за нашето население, нашите жители, префрлување на системот за наводнување преку река Црна Стрежево. Ќе го користиме цевководот за водата од акумулационото езеро за РЕК. Ова е прва фаза, Јужен крак, и има 600 ха за наводнувње. Во 2016 год. ќе продолжиме со Северен крак и индивидуалните земјоделци ќе видат голем бенефит од системот бидејќи ќе се наводнуваат скоро 2000 ха обработлива површина.“

Повеќе: Одржан прес по повод започнувањето со градба на новиот систем за наводнување – 19.11.2015 год.

Страница 31 од 43