ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА АД ЕСМ И ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОРОТ НА РЕК "БИТОЛА" ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА "СТРЕЖЕВО"

Во работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола беа генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, м-р Васко Ковачевски и генералниот директор на рударско-енергетскиот комбинат, РЕК "Битола", Златко Ќурчиевски.
Во рамките на посетата, реализираа заедничка средба со генералниот директор на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната состојба и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработка меѓу АД ЕСМ и Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола.

Повеќе: ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА АД ЕСМ И ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОРОТ НА РЕК "БИТОЛА" ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА...

Почеток на ски-сезоната во ски - центарот Нижеполе во петок

Ве известуваме дека ски-центарот Нижеполе ќе биде пуштен во употреба утре, петок 07.02.2020 година, од 10 до 14 часот за дневно скијање, додека официјалниот почеток на сезоната ќе биде истиот ден петок, 07.02.2020 година од 19 до 22.00 часот со ноќно скијање.

Повеќе: Почеток на ски-сезоната во ски - центарот Нижеполе во петок

ХУМАНОСТА НА ПРВО МЕСТО, СТРЕЖЕВО ДОНИРАШЕ ВО ОУ "ЃОРЃИ СУГАРЕВ" - БИТОЛА

Јавното претпријатие „Стрежево” - Битола, како општествено одговорна институција се откажа од традиционалното новогодишно украсување на управната зграда со единствена цел - тие средства од сопствени ресурси да ги намени во подобрување на образовните капацитети преку донација на нагледни средства и уредување на просториите во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола.

Повеќе: ХУМАНОСТА НА ПРВО МЕСТО, СТРЕЖЕВО ДОНИРАШЕ ВО ОУ "ЃОРЃИ СУГАРЕВ" - БИТОЛА

Страница 16 од 53