КОВИД 19

Активности за заштита од КОВИД19 во ЈП "Стрежево" Битола

Активности кои ги превзема претпријатието за заштита од КОВИД19.

-Превентивна дезинфекција на сите објекти на претпријатието (ќе се повторува и во иднина, по потреба).

-Сите планирани поголеми настани и работни состаноци се оддржуваат online.

-Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици.

-Средства за чистење на рацете со раствор на алкохол се поставени во сите работни простории.

-На огласните табли поставени се информативни содржини за превенција од ширење на Ковид 19.

-Мерење на температурата на сите вработени на влезот во Претпријатието при почетокот на нивното работно време.

-Мерење на темперетура и задолжително дезинфицирање на сите странки при самиот влез во Претпријатието.

-Држење на растојание и влегување по една странка во Наплатниот центар на Претпријатието.

- Реорганизација на вработените во извршување на нивните работни активности.

 

Активности за заштита од КОВИД19  во ски центарот "Стрежево" Нижополе.

-Дезинфекција на објектот.

-Дезинфекција на посетителите на влезот на самиот објект. 

    -Шалтерско работење во чајџилницата  ( безбедно можете да пристапите на шанкот и да нарачате топол чај и кафе).

Повеќе: Активности за заштита од КОВИД19 во ЈП "Стрежево" Битола

ЈП Стрежево без надоместок ќе испорачува технолошка вода за одржување на јавните површини во општините Битола, Новаци и Могила

Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола со цел да даде што поголем придонес во борбата против ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја, во еден исклучително тежок период на глобално ниво, период кога хигиената и користењето на водата претставува основна превенција за заштита од зарази, се одлучи да започне со бесплатна испорака на технолошка вода, првенствено за потребите на комуналните претпријатија на општините кои гравитираат кон хидросистемот "Стрежево", односно општините Битола, Новаци и Могила.

Повеќе: ЈП Стрежево без надоместок ќе испорачува технолошка вода за одржување на јавните површини во...