Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Вештачки снег на Ски-центарот "Стрежево" станува реалност

Вештачки снег на Ски-центарот "Стрежево" станува реалност

 

Следната сезона ќе се скија и кога нема доволно снег! 

 

Јавното претпријатие Стрежево доби градежна дозвола за изградба на систем за вештачки снег на патеката на Ски - центарот во Нижеполе.

 

 

За првпат во 50 години на убавиот Пелистер, граѓаните ќе добијат модерен, современ скијачки центар со вештачки снег и ноќно скијање, впрочем така единствено му доликува на Битола, битолчани и на сите посетители на бисерот на Баба планина.

 

По набавката на механизација за потребите на претпријатието, рехабилитацијата на 10000 метри цевководна мрежа, изградбата на прва фотоволтаична централа и низ други значајни проекти, заокружувам со изработка на проект и добивање на градежна дозвола за изградба на систем за заснежување во Нижеполе.

 

Финансиската конструкција за овој проект може да се затвори целосно со партнерство помеѓу ЈП Стрежево од една страна, како и централната власт и локалната самоуправа од друга страна, а сѐ со цел современата опрема за заснежување и правење на вештачки снег да биде поставена така што уште следната сезона ќе може граѓаните да скијаат и на вештачки снег.

 

ЈП Стрежево продолжува и понатаму да работи со силно темпо сѐ со цел да ги реализираме сите ветувања од наш домен и да ги подобриме услугите во интерес на граѓаните.