Порибување на Aкумулацијата „Стрежево”

Денес министерот, Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП “Стрежево“ – Битола, Методија Граматковски , учествуваа во порибувањето на водите на акумулацијата Стрежево со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот,

Повеќе: Порибување на Aкумулацијата „Стрежево”

Порибување на Акумулација Стрежево

На 29 јуни со почеток од 10 часот во близина на браната Стрежево се организира порибување на Акумулацијата Стрежево со благородни и ципринидни видови на риби. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот. Организатор на порибувањето е Јавното претпријатие Стрежево, како концесионер на рекреативна зона "Риболовна вода - ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО АКУМУЛАЦИЈА СТРЕЖЕВО".

Повеќе: Порибување на Акумулација Стрежево

Стрежево ја спаси Пелагонија од поплави

 

Акумулацијата Стрежево, која ги зафаќа водите од реките Кишавска, Остречка, Граешка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка, река Шемница и река Драгор, ја спаси Пелагонија од поплави, изјави генералниот директор на ЈП Хидросистем Стрежево, Методија Граматковски.

Акумулацијата Стрежево бележи зголемен доток изминатите денови како последица на интензивните врнежи од дожд, но од истоименото јавно претпријатие се подготвени за новоностаната ситуација.

Повеќе: Стрежево ја спаси Пелагонија од поплави

Страница 5 од 44