Акција за чистење на акумулацијата Стрежево

Светскиот ден на чистењето е  глобална социјална акциска програма која има за цел да се избори со светскиот проблем на справувањето со отпадот.
ЈП "Стрежево" – Битола го одбележа овој ден со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за водоснабдување на општините Битола, Новаци и Могила, во сопствена организација, а во соработка со Здружението Go Green - Биди Зелен. 
Повеќе: Акција за чистење на акумулацијата Стрежево

Заменик министерот Јани Макрадули во работна посета на Стрежево

Денес, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, имаше работна посета на ЈП „Стрежево” - Битола.

Во рамките на работната посета оствари средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски.

Повеќе: Заменик министерот Јани Макрадули во работна посета на Стрежево

Поставена нова урбана опрема - втор летниковец на Акумулацијата Стрежево

Во близина на селото Лера, од левата страна на главниот пристапен пат до рекреативната зона акумулација Стрежево, ЈП Стрежево" - Битола постави урбана опрема - Летниковец, во непосредна близина на првиот, кој го изградивме минатата година.

Со реализацијата на оваа активност се заокружува едно функционално решение и урбаното уредување и се обезбедува исклучително живописен поглед на акумулација Стрежево и неговата околина. Денес добивме уредено место каде што граѓаните ќе можат да се рекреираат и уживаат во природните убавини" - изјави директорот Методија Граматковски.

Повеќе: Поставена нова урбана опрема - втор летниковец на Акумулацијата Стрежево

Директорот на ЈП “Стрежево” - Битола и министерот Димковски во работна посета на Лисолај, Бистрица и Логоварди

Директорот на ЈП “Стрежево” - Битола, Методија Граматковски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, придружуван од претставници на ресорното министерство, се сретнаа со земјоделци од селата Логоварди и Бистрица и ја посетија живинарската фарма “Бели Мост”, лоцирана во битолското село Лисолај.

Повеќе: Директорот на ЈП “Стрежево” - Битола и министерот Димковски во работна посета на Лисолај, Бистрица...

Страница 10 од 42