ЈП "Стрежево" И ЈКП Водовод Битола потпишаа протокол за снабдување со сирова вода

Денес двете претпријатија потпишаа протокол за снабдување со сирова вода со прецизни одредби за регулирање на правата, обврските, како и начинот на постапување на договорните страни.
Со протоколот се уредуваат условите и начинот за снабдување со вода, односите меѓу давателот и корисникот на услугата, со цел достапност до доволно количество квалитетна вода за потребите на граѓаните, во согласност со начелата за одржливо управување со водите за пиење и заштита на човековото здравје.